10/08/2007
Mustique Voices of Bulgaria
Cacau Brasil
11/08/2007
Архаи
Баклава

Архаи

Групата Архаи постои  од 1998 г. чиј амбиентален звук и музичката традиција својствени за балканските простори се вклопени со елементи
на џез импровизации.

Според специфичната фузија во звукот на традиионалното  и современото
нивната музика најчесто се класифицира во категоријата „world fusion”.

Групата е составена од 10 музичари, секој со различна музичка позадина: флејтистот и челистот доаѓаат од светот на класичната музика, гитаристот и басистот од џез и блуз сцената, тапанарот свири исклучиво фјужн музика, а пејачките негуваат традиционално пеење од Балканот.

Музиката на Архаи меѓународно е прифатена и вреднувана со високи признанија на фестивалите: “Balkan Youth Festival” во 2003 г. во Грција и “Terminal 00"  2005 г. во Словенија