Mystique Voices of Bulgaria е трио создадено од два мистични женски вокали придружувано од тамбури.
Лидер на триото е Валери Димчев кој е композитор и виртуоз на тамбура.
Женските вокали се Десислава Димчева која свири тамбура и Виолета Кадијска која доаѓа од срцето на Пирин и пее автентични песни од тој крај.
Групата настапувала на повеќе фестивали низ целиот свет. Досега има издадено шест албуми. На репертоарот на ова трио се наоѓа автентична и авторска музика со различни ритми карактеристични за бугарскиот мелос.