Афион
15/08/2009
OM
Вања Лазарова

Афион

Групата Афион е составена од музичари од различни краишта на Хрватаска и Босна. На почетокот свиреле исклучиво македонски песни, а потоа го прошируваат својот интерес кон традиционалните песни од Хрватска и Босна. Истражуваат во традиционалната музика на ова бурно подрачје, каде се мешаат влијанијата на Медитеранот, Панонија и средна Европа со Балканот. Изведуваат љубовни песни, суптилно еротски и обредни песни, Весели поскочици итн.
Во 2006 година го издаваат својот прв албум под наслов "Афион", кој најпознатото списание за world music "fRoots" го оцени како најголемо освежување таа година на светската сцена.
Во моментот работат на својот втор албум а како гостин се појавува Александар Јовевски, член на македонската групата “Монистра“.
Имаат одржано огромен број концерти и турнеи низ повеќе европски држави.

Mustique Voices of Bulgaria