Афион
15/08/2009
OM
Вања Лазарова

Баклава

Баклава е акустичен бенд составен од женски вокал и народни иснтрументи, најмногу жичани.
Тие експериментираат со минималистичкиот концепт, едноставност и непретенциозност. Себеси се нарекоа Баклава, мислејки на совршената геометриска форма на рамноправноста, на магичната бројка, на естетскиот миг од народната уметност.

Бендот е основан во 2005 година како резултат на индивидуалното музичко искуство од речиси цела деценија, во сопствени музички проекти, но и соработка со други музичари и групи. Во 2006 година, го има својот прв самостоен концерт (МКЦ Скопје) од каде излегува и нивниот прв концертен албум едноставно наречен “Баклава”, високо оценет од домашни и странски музички критичари.