Афион
15/08/2009
OM
Вања Лазарова

Cacau Brazil

Cacau Brazil е пејач и композитор кој совршено се вклопува во  ритамот на бразилските тапани, откривајки ги нивните вековни корени. Музиката која тој ја изведува е спој на современ израз, развивајки притоа еден модерен бразилски звуки што е совршен склоп на автентичните бразилски стилови - afoxe, maracatu, frevo, coco... Спојувањето на овие ритмови со интензивноста на звукот на перкусиите го создава креативниот карактер на овој артист.

Cacau ја започнува својата пејачка кариера во 1998 г., а паралелно е член и координатор на невладината организација “Tapera das Artes” во Акуирас, Цеара, Бразил.

Тој работи и образовни проекти, каде се опфатени околу 800-ни деца од сиромашни фамилии обидувајќи се да го подобри нивниот животен стандард и социјален стастус.

Cacau ја презентира бразилската култура на интернационалниот музички пазар. Со својата група има повеќепати настапувано насекаде
низ Европа. Се издвојува нивниот концерт на престижниот „Монтре Џез Фестивал” во Јули оваа година.
Носејки ја со себе душата,  звуците,  историјата и среќата на бразилскиот народ, Cacau e vistinski Ambasador na brazilskata kultura vo svetot.
На фестивалот Балкански Музички Плоштад ќе настапи со својата десетчлена музичка група.