Афион
15/08/2009
OM
Вања Лазарова

Dreamin' Istanbul

Идеен творец на Проектот Dreamin' Istanbul е Бурак Демир во 2003 година. Инспириран од долгогодишните музички сеанси во своето студио, музичкиот концепт на овој прокт е мешавина на дигитални техно стилови со употреба на етно инструменти од средниот исток и Турција како уд, ситар, канон, кавал, кларинет и дудук.

Оваа специјална мешавина резултира во една мултикултурна звучна слика и претставува духовна инспирација за публиката.
Настапот на Балканскиот Музички Плоштад е дел од нивната светската турнеја која започна во Турција, а продолжува во Италија, Германија, Соединетите Американски Држави и Канада.

Mustique Voices of Bulgaria