Со задоволство би сакале да Ве известиме дека продуцентската куќа “Трето Уво” и оваа година традиционално во месец Август во Охрид ке го организира шестото издание на Фестивалот Балкански Музички Плоштад. На 11 и 12 Август во Античкиот театар во Охрид, публиката ќе има можност да ужива во звуците на балканските етно групи. Како и секоја година така и оваа влезот за двете фестивалски вечери ке биде бесплатен. Реализацијата на ваквата идеја бездруго допринесува за поголемо зближување на балканските народи и афирмација на сличности и разлики, желбата и можноста за соработка и успешно заедничко живеење.
Името Балкански плоштад или симболично место каде помасовно се собираат луѓето по градовите, а императив е влезот да е бесплатен за сите оние кои имаат желба да бидат дел од културно обединетиот Балкан.
И оваа година на фестивалот ке учестуваат најафирмираните етно групи од Балканот кои интерпретираат традиционална музика типична за нивното поднебје комбинирана со современ призвук.
Од минатата година организаторот во програмата предвидува и артисти од западна европа, па по минатогодишниот голем интерес за гостинот на фестивалот од Италија Мауро Пагани, оваа година фестивалот ке има специјални гости од Швајцарија - дуото “Мај-Јо”, кои се уникатна комбинација од хармоника и Алпска хорна - типичен швајцарски инструмент.
Програмата е следна: на 11 Август со почеток во 21:00 часот е настапат групата “ИКАДЕМ” од Бугарија, и Лизета Калимери и Марта Фринзила од Грција. На 12 Август со почеток во 21:00 часот ке настапат групата “Earth Wheel Sky Band” од Србија, дуото “Мај-Јо” од Швајцарија и во моментов најкреативната македонска формација групата “Љубојна” од Македонија.