Љубојна - Македонија

Групата “Љубојна” е синтеза на акустична, електронска, традиционална и современа музика. Ја сочинуваат повеќе музичари што и дава стилска разноликост на музиката која ја свират. Групата практикува различни модели при креирање на музиката, во зависност од тоа дали истата е наменета за: театар, филм, мултимедијални претстави или концерти. Во последните три години има одржано повеќе од 50 концерти низ целиот свет и тоа во: Торонто, Истанбул, Москва, Венеција, Рим, Кубкана, Марсеј, Париз, Њу Јорк итн. Првиот албум под наслов "П.С.О" групата го изададе во Октомври 2005 година, а музиката е компонирана за театарската претстава "Парите се отепувачка" од Ристо Крле. |