Афион
15/08/2009
OM
Вања Лазарова

Вања Лазарова

Легендата на македонската народна песна Вања Лазарова во последните шеесет години пее исклучиво македонски традиционални песни. Таа ги чувствува одлично сите стилови и форми, без оглед на тоа дали пее архаично рустични песни или повеќе модерни.
Вања има неколку декади на успешна домашна и интернационална кариера зад себе. Пеела со различни фолк ансамбли, била и член на ансамблот на Македонската Радио и Телевизија, а исто има настапувано и со Македонската Филхармонија. Вања Лазарова имала успешни турнеји низ цела Европа, Америка, Канада, Австралија и Африка.
Таа е првата македонска пеачка која има снимено плочи за најголемите издавачки куќи Poligram и Philips.
Добитник е повеќе интернационални музички награди.
Голем е нејзиниот придонес во музиката од филмот “Пред дождот” на Милчо Манчевски кој доби награда Златен Лав на фестивалот во Венеција во 1994 год.
Продуцентската куќа Трето Уво ги издаде нејзините први три албуми: “Македонски традиционални љубовни песни“ - кој е дистрибуиран во Европа, Америка и Јапонија, “Ристмистика“ - во соработка со водечки македонски музички имиња и “Лулка“ - во соработка со американскиот гитарист Мирослав Тадиќ.
Нејзиниот последен албум “Генофонија“ е соработка со групата Нав.

Mustique Voices of Bulgaria